(ФОТО) Заев на свечен прием со фудбалскиот врв

911

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вечерва присуствува на свеченоста по повод одржувањето на фудбалскиот спектакл – финалето на Супер купот на УЕФА.

Заев се задржа во куси разговори со водечките функционерина УЕФА и ФИФА, како и со членовите на управите и стручните штабови на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, по што изрази уверување дека се создадени сите услови овој врвен спортски настан да се одржи во најдобра атмосфера и дека Република Македонија и Скопје, како домаќини, ќе ја оправдаат довербата.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин му се заблагодари на премиерот Заев и на Владата на Македонија за комплетната поддршка во организацијата.

На приемот присуствуваа и вицепремиерот Кочо Анѓушев и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Loading...