(ФОТО+ВИДЕО) Приказна која ја обиколи Србија: На 60 години роди бебе, 68-годишниот сопруг ја напушти по породувањето

1635

Србинка на 60 години си ја оствари животната желба да стане мајка. Атифа Нокиќ со помош на царски рез роди здраво девојче кое го доби името Алина.

„По петтиот обид за вонтелесно оплодување, успеав да забременам и да родам бебе. Знаев дека ќе биде голем ризикот во овие мои години, но единствена желба во животот ми беше да имам дете и таа ми се оствари. Воопшто не се плашев за мојот живот. Бог ми даде храброст, таква ми била судбината и сè одеше како што треба“ – изјавила таа за Blic

Сопругот на Атифа, Шериф Нокиќ, на почетокот не сакал да имаат деца, бидејќи тој има 4 деца од првиот брак. Сепак, на крајот се согласил за да ѝ ја исполни желбата на Атифа.

По породувањето, Атифа ја дочекало непријатно изненадување. Имено, Шериф одлучил да ги напушти и категорично изјавил дека не сака да ѝ го даде своето презиме на Алина и дека не сака да се води како нејзин татко. Парот беше во брак 8 години.

Атифа, која живее под кирија и има здравствени проблеми, засега има помош од две патронажни сестри. И покрај многуте проблеми, таа е решена да ѝ овозможи добар живот на ќерка си.

Сторијата разгоре многу дискусии. Додека некои ѝ честитаат на мајката за храброста, други ја критикуваат, затоа што големи се шансите девојчето да остане без родители во младоста, а и заради тоа што нема да има финансиска сигурност.

Атифа е втората најстара родилка во Србија.

извор:скопје24

Loading...