Фудбалската треска продолжува: Милан и Фенербахче доаѓаат во Скопје

По финалето на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на 8 август, на Телеком Арена ќе се истопорат уште два гиганти. Во плејофот од ЛЕ Шкендија го пречекува великанот Милан, а Вардар го доби Фенербахче.

Плејоф двојки за Лига Европа:

Шкендија – Милан
Вардар – Фенербахче
Осијек – Австрија Виена
Панатинаикос – Атлетик Билбао
Аполон – Митјиланд
Црвена Звезда – Кранодар
Клуб Бриж – АЕК
Евертон – Хајдук Сплит
Маритимо – Динамо Киев
Хафнафјордур – Брага

Инаку УЕФА утринава ги формираше групите и со тоа Вардар и Шкендија ги добија можните противници во ждрепката.

„Црвено-црните“ се најдоа во третата група и за ривали можеа да добијат една од следниве екипи: Ајакс, Фенербахче, Лудогорец, БАТЕ Борисов, Динамо Загреб и Макаби Тел Авив.

На Шкенција можни противници им беа: Милан, Динамо Киев, Краснодар, Клуб Бриж и Австрија Виена.

Натпреварите се играат на 17 и 24 август.

извор:скопјеинфо

Loading...