Генералниот секретар на СДСМ Кирацовски секој ден во ресторан јадел и пиел на државна сметка, потрошил 89 илјади денари, односно 11 минимални плати

4155

Дополнителниот замнеик министер од СДСМ, Александар Кирацовски, на државна сметка најчесто јадел во кафеаната „Букет“ која се наоѓа веднаш до министерството.

Тој од февруари до декември 2016-та година за угостителски услуги потрошил речиси 90 илјади денари, од кои највисоката фактура на месечно ниво изнесува 27.400 денари.

Според фискалните сметки, произлегува дека, на пример во месец март, Кирацовски речиси секој ден јадел на државна сметка во ресторанот „Букет“ најчесто нарачувајќи чорби, сок, салати и кафе.

Според дел од сметките во неколку наврати биле нарачувани и алкохолни пијалоци.

извор:курир

Loading...