Георгиевски: Се готви поделба на Македонија на 3 дела

3285
1

-Ова е чиста политичка ликвидација – Ако два тима играат фудбал, и едниот тим едноставно не може да даде гол а судијата свири пет пенали, тогаш не е вината во фудбалерите, вината е во судијата. Европа што прави со нас, кадија те суди-кадија те тужи, она решава. Сега се испоставија три списка, да ги земем да ги анализираме списковите.

Список на желби – Тиранската платформа, која се поентира ништо повеќе дека сме геноциден народ, да се договориме ако сме геноциден народ, јас ќе гласам да се уништи тој народ, мразам геноцид. Другиот список е Грчки,тој список за четврт век не се променил, исти е. Третиот список е Бугарскиот кој јас одлично го знам зошто бев таму. Ако ги споредите тие три спискови најмалку педесет посто има исти тези. Исти тези имаат списковите тоа значи се правени од еден центар.

Јас ќе ви кажам професионално, дајте ми три пиеси, јас ќе ви кажам овие две се од еден автор, другата е од истиот автор. Македонија треба да се обезглави и од тие списоци е јасно. Сакаат да не кастрираат од историјатаа тоа значи да не кастрираат од идентитетот и сакаат да воведат овде режим. Секој кој е Македонец да лежи. Така лежеа и Методија Андонов –Ченто, Панко Брашнаров и сите тие Македонци лежеа, а сега треба да се рестарвира тоа. Тоа е обична рестарвација, изјави поранешниот амбасадор.

извор:слободенпростор