Германија завиена во црно: Камион смачка автомобил со 5-члено семејство во него

2073
1

Сообраќајна несреќа ја зави Германија во црно. Во судир со камион за смет загина петчлено семејство, тројца возрасни и две бебиња.

На семејството кое се враќало од излет меѓу Наголд и Муцинген налетал камион и го смачкал автомобилот. Во него биле сопружници на возраст од 22 и 25, нивната двегодишна ќерка, неколкумесечниот син и 17-годишната сестра на сопругата.

Како што пренесува ФАЗ, возачот на камионот рекол дека имал проблем со сопирачките и не можел да забави. Бидејќи патот има благ пад, камионот дополнително забрзал, налетал на автомобилот и се превртел.

Од полицијата наведуваат дека патниците немале никаква шанса да преживеат. Час и половина по несреќата со дигалка камионот бил кренат од смачканото возило.

54-годишниот возач и 26-годишниот совозач од камионот се полесно повредени.

извор:пресс24