Голема трагедија викендов во Македонија: Две лица загинаа во сообраќајка, две се повредени

878

Две лица го загубија животот, а уште две со тешки телесни повреди завршија во Клиничката болница Штип по синоќешната тешка сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Кочани – Делчево, пред влезот на Делчево покрај населбата Басарица.

Според информацијата на Гоце Стојменовски, раководител на Итната медицинска служба, несреќата се случила околу 22 часот и 30 минути, во неа учествувале 4 возила, а засегнати биле 6 лица во возилата.

– За жал, на лице место од внатрешни повреди и крварење почина 70-годишниот С.Ј. од Делчево, додека 61-годишната Д.А., исто така од Делчево, со внатрешни повреди и скршеници по раце и нозе почина во Клиничката болница во Штип, а нејзиниот син и снаа со тешки телесни повреди се задржани во Клиничката болница Штип, додека другите две лица се со полесни повреди, рече Стојменовски.

Тој додаде дека Итната медицинска служба реагирала брзо и навремено, а во интервенцијата и транспортот до болницата учествивале лекари од секундарното здравство и матичен лекар.

Според првичните информации, несреќата ја предизвикала возило кое со голема брзина се приклучило од спореден пат од населбата. Полицијата направи увид на местото на несреќа, но повеќе детали за сообраќајката, засега не се соопштуваат.

Loading...