Граѓаните ќе добијат супер вест денеска

4129
1

Денеска треба да се знае дали домаќинствата ќе можат да готват, перат, загреваат вода на евтина струја и во текот на денот, а не само во ноќните часови. Имено, Регулаторната комисија за енергетика веќе работи на анализата за повторно воведување на дневната евтина тарифа на струјата на барање на Владата.
Регулаторната комисија за енергетика, оваа анализа ќе ја изготви заедно со претставници од ЕВН Македонија, Министерството за економија и Кабинетот на вицепремиерот задолжени за економски прашања по што во дадениот рок ќе биде испратена повратна информација за наодите од истата до Владата.
Цената на евтината струја е двојно пониска од нормалната тарифа која ја плаќаат домаќинствата. Во овој момент, граѓаните користат евтина струја секој работен ден од 22:00 до 07:00 часот наутро и за викенди од 22:00 часот во сабота до 07:00 часот во понеделник. Двочасовната евтина струја во текот на денот беше укината пред околу пет години.

извор:скопје24