Груевски: Ако сакав, можев да избегам

1770

СЈО година ипол објавува дека ќе добиеме обвиненија. Ако сакав да избегам, можев да избегам, знаев дека или на 28 или на 29 или на 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе овие обвиненија без никакви докази, рече лидерот на опозицијата, Никола Груевски кој денеска беше во посета на Битола.

-Се работи за политичка хајка, против мене лично, против моите соработници и против партијата, начи се работи за политички атак врз ВМРО- ДПМНЕ, да не деградираат, омаловажат, тоа е тоа, тоа е целата битка. Инаку, ако сме сакале да бегаме сме имале толку многу можности, толку многу патувања и во време кога знаевме дека ќе има обвиненија. Јасна е работата дека станува збор за политичка хајка со цел СДСМ да ги прикрие своите неуспеси и плановите кои ги има да ги направи поврзани со државните и националните интереси, а ние да се занимаваме со вакви проблеми, вели Груевски.

извор:А1он

Loading...