Груевски не е координатор на ниту една пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

279

Пратеникот Илија Димовски ги соопшти имињата на координаторите на пратеничките групи. На првата група од шест члена, координатор е Илија Димовски.

На втората пратеничка група, координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата пратеничка група координатор е Даниела Рангелова, на 6-тата Панчо Минов, на 7-та Димитар Стевананџија, на 8-та Драган Данев, на 9-тата Благица Ласовска и на 10-тата пратеничка група Драган Цуклев.

Како координатори не се најдоа екс премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев, ниту екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Тројцата се дел од првата пратеничка група од шест члена.

Секој од координаторите има по двајца заменици.

извор:А1он

Loading...