Хаос по сараевските улици – побудалел кога ја видел со друг во аудито што ѝ го подарил

Љубоморно момче од Сараево предизвикало вистински хаос во понеделникот кога на улиците низ градот побудалено ја бркалo својата девојка, која пак претходно ја фатилo како го изневерува.

Како што пренесува „Дневни аваз“, Мухамед Б. ја фатил својата девојка Санела среде сексуален чин со друг маж во нејзиниот автомобил. За работите да бидат потрагични, тоа било „ауди” кое Мухамед ѝ го купил.

По ова, тој со својот автомобил почнал луто да ги брка низ сараевските улици, при што оштетил неколку автомобили. Љубовниците успеале да избегаат кога Мухамед бил пресечен од полициски возила. На распитот во полиција, тој изјавил дека тргнал кај девојката откако не можел да ја добие на телефон, па бил загрижен. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за нанесување на материјална штета и загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Loading...