Хаос во кампот за Пивофест во Прилеп – ги тепале со шипки поради расправија за девојки

5006

Во саботата, во 12 часот во Полициска станица Прилеп, Т.С.(46) од Скопје, пријавил дека истиот ден додека кампувал со шатор поставен во паркот кај Могилата на непобедените заедно со своето семејство, му пришле две непознати лица, прашувајќи го за некои девојки, а потоа влегле во соседниот шатор, каде започнале расправија со лицето што било во него и две девојки.

Откако Т.С. влегол внатре да ги смири, непознатите лица заминале. По околу десетина минути, лицата се вратиле заедно со група од околу 20-30 лица и почнале да удираат по возилата со раце и шипки, а потоа го нападнале Т.С., неговиот син и пријателот, нанесувајќи им видливи повреди.

Полициска станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.

извор:либертас

Loading...