Хојт Брајан Ји: САД не поддржуваат прекројување на границите на балканските земји

249
1

САД не поддржуваат никакво прекројување на границите на Балканот, порача заменик помошникот на државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји.

Тој смета дека промената на границите не би придонела за безбедноста и стабилноста на регионот.

„Границите на балканските земји се јасно дефинирани, меѓународно признати и не се прашање на спор. Промената на границите на Балканот не би придонеле за безбедноста и стабилноста во регионот“, рекол тој за грчкиот весник Катимерини.

Ји ги повикал политичарите во регионот и да се фокусираат на политичките и економските реформи кои се неопходни за евроатлантските интеграции.