Хорор во Прилеп: Сестра го пронашла брата си мртов

Прилепчанка го пронашла брата си мртов во неговиот дом. Лекарите констатирале дека тој бил починат неколку дена, а на телото на починатиот има хематом (модринка) на левото око и на десната надколеница.

Според информациите на МВР, вчера во 22:50 часот во ПС Прилеп, од страна на екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека на ул „Битолска“ има починато лице.

„Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Прилеп извршиле увид на местото на настанот. Притоа, било констатирано дека околу 22:30 часот М.С. (46) од населба Точила-Прилеп, откако завршила со работа, пристигнала во посета на нејзиниот брат Т.С. (50) во неговата куќа на наведената улица, при што го пронашла во безживотна состојба“, соопшти МВР.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, кој констатирал дека смртта настанала пред неколку дена, а на телото на починатиот има хематом (модринка) на левото око и на десната надколеница.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се изврши обдукција.

Loading...