Хорор во Тетово: Му побарала запалка, а тој ја претепал и ја силувал

577
Opinion - Domestic Violence/Bullying
1

Во Полициска станица Тетово, вчера во 06:00 часот, 32 годишна жителка на Тетово, пријавила дека претходниот ден на 09.07.2017 година, околу 22,30 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, пред продваницата за овошје, побарала запалка од вработениот Б.Ф. (31) од с.Мала Речица за да запали цигара, на што истиот ја повикал да влезе внатре за да ја земе истата.

Откако оштетената влегла внатре, Б.Ф. ја заклучил влезната врата и со закана со скалпер и нож се упатил кон неа, ја удрил во пределот на главата, таа паднала на подот и почнала да вика за помош.

Потоа сторителот ја фатил за коса и почнал да ја влече по подот, нанесувајќи и повреди со ножот и скалперот по телото, а потоа извршил обљуба врз неа.

На оштетената и е укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, каде се констатирани телесни повреди по телото. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор:скопје24

АКЦИЈА