И во оваа земја ќе може да патуваме само со лична карта

7556
1

Владата на Босна и Херцеговина ја утврди предлогот-основата за водење преговори заради склучување договор со Владата на Република Македонија за олеснување на условите за патување на државјаните на двете земји.

Како што јавува агенцијата ФЕНА, Договорот треба да им овозможи на државјаните на БиХ и на Македонија меѓусебен безвизен режим до 90 дена во период од шест месеци, со важечки патни документи или важечка биометриска лична карта на сите гранични премини за меѓународен сообраќај.

Граѓаните на двете земји кои имаат намера да останат подолго од 90 дена на територијата на една од државите го регулираат својот престој во согласност со нејзиното законодавство. Предлогот треба да биде доставен до Претседателството на БиХ, а за потписник на документот е предложен министерот за надворешни работи.