vesti24.mk
СВЕТ

Иако Опра би го победила Трамп на избори, Американците не сакаат таа да се кандидира…

ECA

Анкетата која што ја спроведе „Политико“, укажува на тоа дека мнозинството од анкетираните повеќе ја поддржуваат Опра Винфри од актуелниот претседател Доналд Трамп.

Иако популарната водителка Опра Винфри е омилена кај Американците, како што укажува анкетата на „Политико“, анкетираните повеќе би сакале таа да не се кандидира на претседателските избори во САД во 2020-та година.

Според анкетата, во овој момент 73% од Демократите ја преферираат Опра Винфри наспроти актуелниот претседател на државата Доналд Трамп. Слична е и ситуацијата меѓу Републиканците – дури 76% од анкетираните ја поддржуваат Опра Винфри повеќе од Трамп.

Што се однесува до анкетираните кои што не ги поддржуваат двете најголеми партии во САД, околу 35% од нив ја поддржуваат Опра Винфри, додека 30% од нив се определиле за Доналд Трамп. Околу 30% од нив одговориле дека немаат одлучено околу тоа.

Сепак, најголемиот дел од анкетираните сметаат дека популарната телевизиска водителка не би требало да се кандидира на претседателските избори во Соединетите Американски Држави во 2020-та година кога Доналд Трамп ќе се бори за вториот мандат.

Според анкетата на „Политико“, анкетираните Демократи попрво би поддржале некој кандидат кој што би имал повеќе искуство во политиката.

 

Loading...

Related posts