Илјадници пици блокираа автопат во Aрканзас (ВИДЕО)

Неколку илјади смрзнати пици излетаа од камион и завршија на автопат во Aрканзас, предизвикувајќи неколкучасовен застој на сообраќајот.

Несекојдневниот инцидент се случил кај местото Литл Рок, кога шлеперот удрил во столб од мост и го оштетил задниот дел, по што илјадници пици излетале на асфалтот..

Локалните власти соопштија дека им требале четири часа за да ги соберат пиците и дека автопатот бил експресно исчистен, за разлика од како што велат, минато месечниот инцидент кога три тони живи јагули се истуриле од камион и почнале да шират неподнослива смрдеа.

Loading...