Им плаќаат на мајките за да си ги дојат бебињата

257
1

Мајките на новороденчињата во две области во Велика Британија, ќе бидат платени за да ги дојат своите бебиња во рамки на програмата, која има за цел поттикнување на ова пракса во сиромашните области.

На мајките во Дербишир во централна Англија, како и на нивните соседи во Јужен Јоркшир ќе им бидат понудени ваучери за купување во вредност од 140 евра, доколку ги дојат своите бебиња во првите шест недели од раѓањето, а нивниот износ ќе биде зголемен доколку го продолжат доењето до шест месеци.

Жените, кои учествуваат во програмата ќе можат да ги трошат добиените ваучери во супермаркетите и продавниците.

Околу 130 жени од загрозените подрачја ќе учествуваат во програмата, која е можно следата година да биде проширен на целата држава, доколку се утврди дека успешно се зголемува стапката на доење на децата, соопштија организаторите.

извор:актуелно24