Имате виткана коса – тешко вас…

21

Harper Bazaar пишува за маките со кои секојдневно се соочуваат жените со виткана коса. Слатки проблеми кои само тие ќе ги разберат.

Ако ја измиете наутро ќе ви биде потребен цел работен ден за да се исуши, жената изгледа како чау чау куче после бањање.

Пробајте да ја исфенирате косата, а да не изгледа како раскошно божиќно дрво.

Веднаш после миење на косата, локните изгледаат како да си имаат сопствен живот на вашата глава – инаетливи се и нема шанси да ги приберете

Природно витканата коса во најдобрите денови изгледа како случајно направена фризура во романтична комедија.

Нема шанси да ја измиете косата и да си легнете оти утрото ќе изгледа како да сте претрпеле струен удар.

Специјалните производи за нега на втикана коса се неколку пати поскапи од обичните.

Преспивање кај пријателка е проблем ако таа нема специјални средства за третман.

Посетата на фризер може да биде кошмар и за вас и за фризерот бидејќи мала грешка при шишање може да биде катастрофа за вас долго време потоа.

Проблем е да се исчешла косата бидејќи ќе се одвојат локните , а вие ќе добете афро-фризура гратис

Нивните мочиња имаат проблем да поминат со рака низ косата оти им се заглавуваат прстите.

После будење косата не им изгледа секси и романтично како на Џулија Робертс во “Убава жена”.

Виткната коса изгледа дека многу бавно расте и тешко е да се види колку всушност пораснала.

hybread

Loading...