Инспекторите испратени по налог на Таравари утврдиле лоша хигиена на скопската Клиника за Гинекологија – ЕВЕ КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА

1055
1

Од министерството за здравство информираат дека синоќа во вечерните часови, по насока од министерот за здравство, Арбен Таравари, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и претставници од кабинетот на министерот за здравство извршиле вонреден инспекциски надзор во Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Ургентен центар, Трауматологија, Ортопедија и Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

– При надзорот на Клиниката за гинекологија е констатирано дека општата санитарно-хигиенска состојба не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно. Во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво – се наведува во соопштението на ресорното министерство

– Цел на надзорот:

-континуитет во одржување на општите санитарно-хигиенски  и санитарно-технички услови во објектот;
-почитување на работното време, континуирана покриеност на приемните амбуланти за итни случаи,
-почитување на Законот за заштита од пушење,
-контактирани по случаен избор пациенти во однос на етички и професионален однос на здравствените работници.