ИОМ: Од почетокот на годината во светот загинале над 3.200 мигранти и бегалци

12
1

Од почетокот на оваа година во светот загинале над 3.200 мигранти и бегалци, а најмногу, над 2.300 жртви, има по миграциската маршрута преку Средоземно Море, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

– Од почетокот на годината, до 12 јули на различни места низ светот загинале 3.228 лица, а речиси три четвртини од нив загинале во реонот на Средоземно Море, соопшти на брифинг во Женева портпаролот на ИОМ, Џоел Милман.

Како што јави ТАСС, во споредба со 2016 година се забележува значително поголем број загинати во Субсахарска Африка и Карипско Море, но има помалку жртви на Блискиот исток и и во јужна Америка, забележа тој.

Како и минатата година, најмногу загинати има во Средоземно Море, бидејќи од почетокот на годината таму се удавиле и исчезнале 2.357 мигранти и бегалци. Во северна Африка загинале 265 лица, на пат од Мексико за САД 149, во Субсахарска Африка 136, во реонот на Африканскиот рог 103, во Карипскиот регион 91, а во југоисточна Азија 45 лица.

извор:либертас