„Исклучете ги светлата, очекуваме напад“ – Луксузен крузер со 2.000 патници 10 дена се криел од гусари среде океан

Речиси 2.000 патници од луксузниот крузер „Морски принц“ на пат од Синдеј до Дубаи, десет дена од патувањето ги поминале во целосна темница среде Индискиот Океан, бидејќи големиот брод се криел од гусари.

Причината за ваквата мерка бил потенцијалниот напад од сомалиските гусари во Индискиот Океан, Арапското море и Аденскиот залив. Покрај целосната темница, на патниците не им било дозволено да прават забави на палубата, да скокаат во базен, ниту да седат покрај надворешниот бар.

-Се мора да биде во темница, наредил капетанот,

Медиумите пренесуваат дека луѓето на почетокот биле во панија бидејќи не знаеле што точно се случува, по што капетанот Генаро Арма им се обратил на сите патници.

-Заканата од гусари е сериозна и мора да бидеме подготвени за напад, рекол капетанот.

По неколкугодишното примирје, последните месеци сомалиските гусари извеле неколку киднапирања, па подрачјето околу Арапскиот Полуостров се смета за опасно.

Патниците истакнале дека капетанот бил многу вознемирен и во неколку наврати го активирал алармот за тревога, по што членовите на екипажот вежбале за евентуален напад.

-За тоа време сите моравме да бидеме заклучени во кабините. Ни кажаа дека во случај на напад треба да ги заклучиме вратите од терасите и да излеземе во ходникот, вели една патничка.

Бродот на крај без никакви проблеми пристигнал до Емиратите, но расположението кај патниците не било исто како на почетокот.

Иако останатите 94 дена од крстарењето немало никакви проблеми, патниците кои за ова крстарење издвоиле по 55.000 долари, биле навистина исплашени.

извор:сителтв

Loading...