Исповед на хетеросексуална жена: „Прв пат имав секс со жена и беше фантастично”

194
1

„Ова искуство ќе го паметам цел живот, беше нереално убаво и интензивно“, раскажала 39-годишната жена од Ријека која искусила секс со друга жена за прв пат во животот, пренесува порталот 24sata.hr.

„Тоа се случи сосема случајно. Никогаш во животот не сум размислувала за жените на сексуален начин ниту ме привлекувале. Но, кога ја видов неа на вечера кај едни пријатели, нешто во мене се промени. Ја набљудував тетоважата која ѕиркаше под нејзината маица и почувствував наплив на топлина, пеперутки во стомакот… Се трудев да не ја гледам толку, но не можев да одолеам, ми беше неверојатно привлечна.

Таа тоа, секако, го почувствува и полека ми се приближи во текот на вечерата. Малку по малку копнежот во мене стануваше сè поголем, а гледав дека и кај неа е така. Едноставно кликнавме. Одеднаш не гледав на неа како жена, туку како на личност која страшно ме привлекува.

Низ разговорот ми откри дека е лезбејка, дека инаку живее во Лондон и дека моментално не е во врска. Почувствував олеснување, иако тоа не можев себеси да си го објаснам. Сите тие чувства кои се појавија по малку ме збунуваа, но додека ја набљудував, истовремено сè ми изгледаше некако нормално.

Вечерата се приближуваше до крајот и полека сите се упативме дома. Ние две одлучивме заедно да земеме такси бидејќи одевме во иста насока. Но, наместо да заминам во мојот стан, завршив во нејзината хотелска соба, на чаша вино.

Седевме на каучот и зборувавме за сè и сешто и како некоја силна сила да нè туркаше една кон друга. Се бакнавме еднаш, па уште еднаш… и полека тргнавме кон патот од кој повеќе немаше враќање.

Водењето љубов со неа беше многу сензуално, интензивно, без брзање, нежно… Такво нешто никогаш не сум почувствувала со ниту еден маж. Чувствував како да сум во рајот и посакав едноставно тој момент никогаш да не помине.

После таа ноќ се разделивме и никогаш повеќе не се видовме. Но, и тоа се случи некако спонтано, како така да треба да биде, како да ни било судено да ја поминеме заедно само таа една, незаборавна ноќ.“

извор:скопјеинфо