Како изгледа модерен замок од 250 милиони долари?

Во областа Бел Ер во Лос Анџелес е изграден вистински модерен замок. Но не наликува на замок од бајките. Барем не онака како што си замислувале девојчињата кога сакале да бидат принцези и да живеат во замок во кој ќе дојде принцот на бел коњ за да ги бакне и да ги спаси од клетвата на лошата вештерка.

Овој модерен замок има многу повеќе од она што може да се замисли. Изграден е во современ стил, геометриски правилно распределен на неколку ката и скоро целиот е обложен со стакло.

На кровот има хелидром. Во гаражата има место за неколку десетина автомобили.

Внатрешноста е поделена на два огромни посебни апартмани за живеење, но има и 10 огромни соби за ВИП гости. Поседува 21 бања, три кујни и 5 бара. Има сопствена кино сала. И куглана со 4 патеки. Винска визба. И фитнес центар.

Ова здание го изградил градежникот Брус Маковски, кој ја изградил и познатата Маркус Ноч Персон куќа на Беверли Хилс, а чијашто вредност е 70 милиони долари. Но, тоа секако не се мери со овие 250 милиони.

Ова е создадено за најголемите милијардери. Знаејќи каков е американскиот пазар на недвижнини, знам дека ќе ја продадам за многу кратко време“, истакнал Маковски во своето соопштение.

Се надеваме дека е во право.

А пред новиот сопственик да ужива во куќата, ние ќе уживаме во галеријата фотографии.

hybread

Loading...