Како во хорор филм: Убиство и самоубиство за неколку илјади евра долг

3630
1

Тело на маж во септичка јама со две прострелни рани, човек што се самоубил поради финансиски проблеми ја потресоа јавноста во Хрватска.

40 дена траеше потрагата по продавачот на користени автомобили Анте Зовко, се додека неговото тело не е пронајдено во септичка јама во близина на куќата на негов пријател. Во потерата биле вклучени не само жителите на приморскиот град Макарска, туку и службите за спасување.

Јамата, каде е најдено телото на Анте е веднаш до куќата на неговиот пријател кој му должел неколку илјади евра .

Во текот на истрагата пријателот тврдел дека парите му ги вратил, но веднаш по распитот во полицијата, се обидел да се самоубие.

Бил сместен на клиника за психијатрија, но ден откако бил пуштен од таму, се обесил пред својата куќа, во непосредна близина на јамата каде го фрлил телото на својот пријател.

извор:канал5