Каков би бил животот во обединета Југославија денес? (ВИДЕО)

Во декември, 2018 година ќе се навршат 100 години од формирањето на Кралството СХС, односно првата Југославија. Оваа држава денес не постои, но секогаш е интересно да се направи претпоставката „што би било кога би било“.

Една ваква анализа направи авторот Џозеф Писенти – како би изгледала обединета Југославија?

Тој се занимава со идејата за преродба на Југославија преку анализа на евентуалните факти што би ги сочинувале основите на старо-новата држава.

Првиот проблем со кој се соочува е дали новата Југославија ќе се состои од шест или седум држави, односно, дали Косово ќе се брои како посебен ентитет во хипотетичката нова Југославија.

Кога во некој паралелен универзум Југославија повторно би се обединила, во рамки на денешните држави би имала 21.412.000 жители, што значи дека би била една од десетте најголеми држави во Европа по број на жители.

Тоа сепак би било помалку во поглед на популацијата на Југославија во 1991 година кога имаше 23.230.000 жители. Писенти потсетува дека ова намалување се должи на фактот дека сите екс-ју земји, со исклучок на Македонија, имаат негативна стапка на раст на популацијата.

Понатаму тој се занимава со социо-економските прашања на оваа земја, како бројот на жители, кој ќе биде главен град, поделбата по етничка и верска припадност, воената сила и најважно – економската сила на секоја од членките во заедничката држава и дали оваа Југославија би била дел од ЕУ.

Според неговите пресметки, преродената Југославија би била 53. најразвиено стопанство на светот.

извор:кајгана.ком.мк

Loading...