Каква иронија: На најголемиот светски саем за електрика снема струја

Посетителите на најголемиот саем за електроника и технолошки иновации ги изненаде прекин на струја поради што голем дел од Конгресниот центар остана во мрак.

Поради прекин на струја, евакуирани беа делови од центарот со површина од преку 3 милиони квадратни метри, а пристапот до локацијата беше ограничен речиси два часа. Причината за синоќешниот прекин на струја не е позната.

Loading...