Каква мајка си ти кога одиш во кафуле и сакаш да се одмориш од своите деца?

649

Мајчинството не е ропство, тоа е најубавата работа на светот. Оваа работа е платена со чиста љубов.

Некои луѓе мислат дека имаат право на туѓата приватност, ги коментираат и осудуваат туѓите постапки а притоа не знаат каков живот живее таа личност.

Мајките кои водат сметка за себе често се мета на критика, а совршен одговор за оние кои водат гајле за туѓ живот се овие:

Каква е тоа мајка која оди со пријателките на кафе?

Каква е таа мајка што вежба?

Каква е таа мајка која оди во СПА?

Како една мајка може повремено да направи нешто за себе, да си купи нешто за себе?

Каква е таа мајка која оди на фризер и маникир?

Каква е таа мајка која понекогаш оди во кафуле?

Каква е таа мајка која повремено сака одмор од мајчинството?

Каква е тоа мајка која може да издржи повеќе од 1 минута без своето дете?

Еве каква

Жена. Личност. Смртница. Човек.

Мајка која мора да знае да биде среќна и задоволна за да и биде такво и семејството.

Мајка која знае дека убавината доаѓа одвнатре, а тоа одвнатре доаѓа кога сме задоволни и однадвор.

Мајка која знае дека е здраво на никому да не биде роб.

Мајчинството не е робство, тоа е најубавото нешто во живото, работа која е платена со чиста љубов.

Како што на секоја работа имаме пауза, така и мајчинството заслужува, да ги наполниме батериите, да ги средиме ноктите, косата и да засјаеме од среќа и задоволство.

Повремено направи нешто за себе, само за себе. Нека биде тоа најобична ситница, но таа ситница ќе те потсети дека си жива и дека ти го заслужуваш тоа.

Засјај си прво на себе па потоа ќе им сјаеш и на децата и на сопругот. Зошто кога мајката е среќна среќно е и семејството.

Loading...