Канал 5 на ноќна патрола по улиците на Скопје – Моторџиите дивеат

796
1

Канал 5 на ноќна патрола по улиците на Скопје – Моторџиите дивеат
Граѓаните од централното градско подрачје и долж булеварот ,,Партизански одреди “ не можат да спијат од буката на моторите во ноќни трки .

Неколку минути по полноќ Kанал 5 на улицата Партизанска. Жителите од околните згради се жалат на непрoспиени ноќи, покрај високите температури, дополнителна мака им се трките и звуците од моторите. Жителите од своите балкони ги гледаат секоја вечер трките на моторџиите од еден до друг семафор. Среќни што не се надвор, но уморни од звукот.

На улицата имаше полиција, не знаеме колку моторџии, но и оние кои со своите автомобили летаат на оваа улица заработиле казни. ОД МВР за Kанал 5 велат дека дека екипите се на терен и ги уверуваат граѓаните помирно ќе спијат, бидејќи контролите од полицијата во комбинација со казни ќе бидат на сите улици во ноќните часови.

Извор:канал5