Кежаровски замина во Германија, откако новата власт не се сети на него

1364

Новинарот Томислав Кежаровски кој една година беше во притвор, и преку чија состојба тогашната опозиција ја водеше битката со власта и пред меѓународна заедница, замина во Германија. Како што дознава А1он, на Томислав Кежаровски никој не му понудил работа ниту по промената на власта. Поети, пејачи стануваат советници, ама за новинар кој неправедно беше прогонуван и заврши во притвор поради напишан текст, нема место во државава. Никој ниту го контактирал ниту му понудил било каква работно место. Тој денеска замина за Германија, со едногодишна стипендија која му беше доделена од Германската амбасада во Скопје.

Животот повторно не раздели. Но, овој пат за добро. Ќе се врати помудар, посилен…! Среќен пат најдраг наш, напиша на Фејсбук неговата сопруга.

Додека беше во притвор, за Кежаровски имаше голем протестен марш, на кој се приклучија и функционери на тогашната опозиција, а сегашна власт. Откако излезе од затворот во Шутка, Кежаровски беше оставен сам на себе. Единствената помош и поддршка ја имаше само од ЗНМ.

Loading...