Кичево: Со нож го прободел при расправија пред обложувалница

142

Вчера околу 03,30 часот на градскиот плоштад во Кичево пред обложувалница во меѓусебна расправија помеѓу С.И. (44) од с.Гарани-кичевско и Ш.И. (23) од с.Србјани-кичевско, С.И. со нож му нанел неколку убодни рани на Ш.И. во пределот на градите.

На повредениот му била укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар-Кичево, по што бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од ПС ОН Кичево извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

извор: либертас.мк

 

Loading...