Кои се главни актери и како функционира албанската нарко мафија

Околу 70% од европскиот пазар на наркотици кои се продаваат на мало, на непосредните дилери, се наоѓа во рацете на албанската мафија. 

Проценката е дека албанските дилери месечно шверцуваат четири до шест тони хероин, чија вредност на годишно ниво изнесува две милијарди долари. Само ден откако албанскиот претседател Бујар Нишани, кој на таа функција e од 2012 година, кон крајот на 2016 година најави дека поради драматичниот пораст на илегални активности врзани за производството на мариухана ќе мора да го повика Советот за национална безбедност, албанските специјалци во рација во околината на местото Решн во Албанија запленија три тони дрога и уапсија 15 лица. На таа акција претходеа серија апсења, а полицијата на неколку места запленила повеќе тони марихуана спремна за „извоз” во Западна Европа.

Албанскиот канал „Њуз 24” објави дека истражувајќи го нелегалното производство на дрога во Албанија, дека во таа држава постојат два тајни аеродроми, преку кои марихуаната се превезува до Италија. Инаку, еден од пилотите на „Пајпер” авионите со кои се превезува дрогата, во 2016 година е уапсен во Албанија. Италијанските медиуми последниве година-две Албанија ја нарекуваат „Канабистан”, поради фактот дека канабисот се одгледува на стотици хектари, и дека полицијата суштински е немоќна тоа да го сузбие.

Хиерархијата е неприкосновена во Албанските наркокартели кои се најпознати во Европа, а проценките на светските експерти, кои се занимаваат со наркотици, укажуваат на фактот дека дури 70% активности поврзани за таа материја водат токму кон Албанците. Самиот факт дека тешко се разбива кланот се темели на цврстата семејна поврзаност на учесниците и длабоката вкоренетост на албансата нарко мафија во врвовите на европската политика, како и националните политики кадешто е таа најефискана како Чешка, Полска, Италија, Германија, Швајцарија, Шведска, Франција, Британија, Шпанија…

Инаку, малку е познато дека еден од најпознатите ликвидатори на „Коза ностра” и човекот заслужен за разбивањето на италијанските „фамилии” Сами Гравано – Бик, по потекло бил Албанец. Најпознат клан кој се појавил во САД е кланот Рудај. Во октомври 2004-та година во координирана акција ФБИ упасиле 24 члена на тој клан, заедно со лидерот Алекс Рудај. Еден од неговите гревови бил што влегол на територија на фамилијата Лукезе во Њујорк

Денешните „владетели” на наркокартелите во САД го сметаат него за основоположник на албанската мафија таму. Албанската наркомафија во САД е толку силна што од првото место ги потисна Колумбијците, кои до пред шест години беа неприкосновени во светот по илегална трговија со дрога.

Притоа, албанската наркомафија не е организирана пирамидално, односно, нема еден главен, што не е случај со останатите мафии, бидејќи се поделени во семејни и регионални кланови (фисови), кои меѓусебно соработуваат. Посебен јазик, правила и изразена семејна традиција, како и почитување на хиерархијата, се она на што се темел силата на албанската мафија, заклучено е на еден од извештаите на Стејт департментот, кој работи на оваа материја. Стејт департментот, потсетуваме, пред неколку години Албанија ја означи како земја – база на светскиот криминал.

извор:вечер.мк

Loading...