Кои се најпродавани возила во земјите во Европа?

Во текот на 2017 година во европските земји се продадени 15.631.678 автомобили, а најбарани биле моделите на Volkswagen (3.717.566), додека најпродаван е Golf.

Непишано правило е во секоја од земјите да доминираат возила  што главно се произведуваат во таа земја или барем производителот да е од таа земја, а во топ три има само едно возило на електричен погон.

Ова е се најпродаваните возила во земјите низ Европа за 2017 година:

Австрија Volkswagen Golf (14.244 vozila), следат Škoda Octavia и VW Tiguan

Белгија Volkswagen Golf (14.304), следат Renault Clio  Hyundai Tucson

Велика Британија Ford Fiesta (94.533), следат VW Golf и Ford Focus

Хрватска Škoda Octavia (2.448), следат Renault Clio и VW Golf

Чешка Škoda Octavia (27.051), следат Fabia и Rapid

Данска Peugeot 208 (9.838), следат VW Up и Nissan Qashqai

Естонија Škoda Octavia (1.328), следат Toyota Avensis и Toyota RAV4

Финска Škoda Octavia (5.692), следат Nissan Qashqai и VW Golf

Франција Renault Clio (117.473), следат Peugeot 208 и Citroen C3

Германија VW Golf (178.590), следат VW Tiguan и VW Passat

Грција Toyota Yaris (5.508), следат Opel Corsa и Fiat Panda

Унгарија Suzuki Vitara (8.782), следат Škoda Octavia и Opel Astra

Италија FIAT Panda (144.533), следат Lancia Ypsilon и FIAT 500

Холандија Renault Clio (11.782), следат VW Up и VW Golf

Норвешка VW Golf (11.620), следат BMW i3 и Toyota RAV4

Словачка Škoda Octavia (5.337), следат Škoda Fabia и Škoda Rapid

Словенија Renault Clio (3.828), следат VW Golf и Škoda Octavia

Србија FIAT 500L (1.126), следат Škoda Octavia и VW Golf

Шпанија Seat Leon (35.272), следат Seat Ibiza и Renault Clio

Шведска Volvo XC60 (24.088), следат Volvo S90/V90 и VW Golf

Швајцарија Škoda Octavia (10.010), следат VW Golf и VW Tiguan

Loading...