Koj e чичко Владо, човекот во чии влечки се загледа Ронално пред Супер Купот (ФОТО)

Пред одржувањето на Супер Купот во Скопје, за време на тренингот на Реал Мадрид на Арената “Филип Втори” Роналдо имаше можност да види што е македонски производ со традиција.

Но, кој е човекот кој ги носеше влечките, кого за жал дел од неуките по социјалните мрежи го исмејуваа поради тоа.

“Поголем опинок од тие кои го исмејуваат Чичко Владо по социјалните мрежи нема. За да ве запознаам, Чичко Владо го “изгради“ Градски, условно речено. Повеќето од вас уште во пелени биле кога тој го одржуваше како својот двор. Тревата што ја гледате совршено испеглана на секој натпревар е негово дело. Беше на овој терен и кога Бекамовци и кога Касандри и Рандуовци беа таму (за децата, тоа беа главни фаци од шпанските сапуници во раните ’00ти), и Цеци и меци и п.. мајчини. Поголем респект имам за него отколку за тој до него, сакате навредете се фанови, сакале плачеле, сакале се смееле, на овој човек може само да му завидувате што носи “лајнарка“ пред Роналдо, додека вие воајирате на социјални мрежи и додека тој седи во прв ред, помеѓу ложата на Манчестер и Реал, вие ќе плачете пред ТВ во шупа 😍😘❤️”, напиша Весна на својот Фејсбук профил.

Loading...