Косовскиот премиер Харадинај гo смени врвот на безбедносните служби

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара оставка од министерот за внатрешни работи, Фљамур Стефаја, и од шефот на тајната служба, Дритон Гаши, поради контроверзното апсење и изручување на шестмината наводни „ѓуленисти“ на Турција.

Харадинај и претседателот на Косово, Хашим Тачи, тврдат дека не биле известени за оваа акција. Депортацијата ја изведе тајната служба на Турција и Косово, порача косовскиот премиер. Министерот за надворешни работи, Беџет Пацоли, е против одлуката на премиерот Харадинај. Тој веднаш се спротивставил на смената на Стефаја бидејќи неговата партија смета дека тоа било на барање на Српска листа, поради апсењето на шефот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Нова политичка криза ја потресе косовската влада откако коалициските партнери, Алијанса за иднина на Косово и Алијанса за ново Косово на Беџет Пацоли жестоко се судрија околу одлуката на премиерот Харадинај, поради апсењата и експресното испорачување на шесттемина наводни „ѓуленисти“ на Турција, да ги смени министерот за внатрешни работи и шефот на тајната служба.

Loading...