Крцкав компир каков што не сте јаделе – еве што е тајната

1132
Направете супер крцкави компири какви што не сте пробале до сега. Сите ќе ви бараат рецепт:

СОСТОЈКИ:

  • 4-5 компири
  • 1 лажица вегета
  • 3 лажици пленкарно брашно
  • ½ лажиче црвен пипер
  • масло
  • сол
  • бибер

ПОДГОТОВКА:

  1. Компирите се мијат, се лупат, и се сечат ни дебело ни тенко.
  2. Се посолуваат, им се става вегета и црвен пипер, се додаваат две три лажици масло и се се меша.
  3. Брашното се додава и повторно се меша.
  4. На плех се ставаат компирите па се става малку брашно врз нив.
  5. Нека се пече на 200 степени 35 минути.

извор: готви.мк

Loading...