Куче спасило две девојчиња кои биле удрени од гром

Во планините во Американската сојузна држава Јута две девојчиња биле удрени од гром, а нивното куќе успеало да повика помош.

Девојчињата од осум и 16 години биле со на кампување со своето семејство. Биле на околната ливада кога ги удрило громот.

Нивното домашно милениче веднаш истрчало до кампот од каде ги повикал другите членови на семејството, а потоа и ги одвел до девојчињата кои биле во безсознаение, соопшти полицијата.

Девојчињата со хеликоптер кој за среќа летал над таа област биле префрлени во болница.

Според западните медиуми, двете девојчиња се здобиле со сериозни повреди, а едната од нив е во критична состојба.

Loading...