Кумановка 14 години работела како професорка со фалсификувана диплома!

Кумановската полиција поднела кривична пријава против С.Џ.Е. од село Романовце поради сомнение дека сторила кривично дело „фалсификување исправа“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Како што информираат од МВР, во текот на 1999 година пријавената набавила фалсификувана диплома од Софискиот универзитет „Климент Охридски“ (Бугарија) при што се стекнала со квалификација од 7. степен, специјалност Педагогија. Дипломата во 2000 година ја приложила како вистинска на универизитетот „Св. Климент Охридски“ – Филозофски факултет во Скопје, за нострификација, за што добила и решение за нострификација.

По ова, во 2003 година пријавената како вистински ги приложила фалсификуваната диплома и добиеното решение за нострификација во општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во село Романовце, Kумановско, каде од 6 октомври 2003 година па до 2009 година ` биле изготвувани договори за работа со заснован работен однос на определено работно време. Во октомври 2009 година добила договор и одлука за трансформација на работен однос од определено на неопределено работно време. Со наведените дејствија пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од платите што ` биле исплатени од буџетот на државата за наведениот временски период.

Loading...