Купувачи чекаат уште 12 вредни модели „Лексус ЛФА“

16

Пред пет години заврши производството на суперспортскиот „Лексус ЛФА“, а најновите податоци покажуваат дека на лагер и натаму има неколку непродадени примероци.

Моделот, чие производство беше ограничено на 500 примероци, и за кого долго се веруваше дека е распродаден, се чини, се уште, може да се пронајде кај некој од овластените продавачи на оваа луксузна марка на „Тојота“ во САД.

Кога „Аутоблог“ во јули собираше статистички информации за продажбата на нови автомобили наиде на податоци дека во изминатиот месец во САД бил продаден и еден „Лексус ЛФА“.

На прашањето до производителот, дали во прашање е некоја грешка, „Лексус“ одговорил дека не станува збор за грешка и притоа открил дека, според нивните податоци, кај овластените продавачи во САД се наоѓаат ни помалку ни повеќе туку 12 нови модели „Лексус ЛФА“.

Оваа информација претставува изненадување со оглед на тоа дека „ЛФА“ е многу баран модел кај љубителите на суперспортски автомобили и богати колекционери, а специјалните верзии, како „Лексус ЛФА Нурбургринг Едишн“ на огласи се продаваат за повеќемилионски суми.

Покрај се, мала е веројатноста дека некои од продавачите кои веќе со години имаат „ЛФА“ на својот лагер брзаат да го продадат автомобилот. Некои од 12-те вредни „Лексуси“ можат – изложени во салон – да послужат како добра реклама, но и инвестиција за иднината, затоа што се очекува нивната цена постојано да расте.

Портпаролот на „Лексус“ верува дека голем дел од овие возила нема никогаш да бидат продадени, освен во случај наследниците на сопственикот на салонот еден ден одлучат да ги отуѓат.

извор:А1он

Loading...