Ламборџини Урус оди на Дакар за ултимативен тест?

Според најновите гласини, Ламборџини планира да учествува на неколку натпреварувања од различен тип за да ја докажат моќта на нивниот SUV – Урус.

Шефот на Ламборџини, Стефано Доменикали потврди за новинарите дека италијанската компанија планира да учествува на некои натпреварувања.

„Ќе мораме мудро да бираме. Потребна ни е трка на која што ќе се докаже непобедливоста на Урус. Нашиот модел е многу брз на асвалт, на карпест предел, на песок. Потребен ни е простор за Урус да може да покаже се што знае“, изјави Доменикали.

На прашањето дали најпознатото рели Дакар е вистинскиот предизвик за Ламборџини, Доменикали изјави дека станува збор за многу тешка и напорна авантура, но за истата се размислува во компанијата.

„Братскиот“ модел на Урус, Bentayga на Bentley ќе учествува оваа година на познатата трка Pikes Peak. Доменикали изјави дека Ламборџини ја следи ситуацијата и исчекува евентуален предизвик.

Да потсетиме, Ламборџини Урус под хаубата има 4.0-литарски V8 твин-турбо агрегат кој што развива 641 коњски сили.

Како што велат од италијанскиот производител, Ламборџини Урус ги соборува сите рекорди на продажба. Според проценките на италијанската компанија, оваа година ќе бидат продадени околу 5 илјади автомобили на Ламборџини, од кои една петина ќе му припаѓа на моделот Урус.

Од Ламборџини велат дека за идната година планираат да го дуплираат производството на нивниот прв и прилично успешен SUV на пазарот.

Loading...