Леле како ќе го јадат сега Груевци, нивниот најголем крвник новинарот Зоран Божиновски излегува од притвор

3270

Кривичниот суд во Скопје денес го ослободи од притвор новинарот Зоран Божиновски, мерката притвор е заменета со друга мерка на претпазливост, соопштија од Здржението на новинарите на Македонија.

„Македонија излезе од срамната листа на земји каде има новинари во затвор!“, пишува во кусата објава на ЗНМ.

ЗНМ постојано бараше новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Оттаму предупредуваа дека држење во притвор на новинар скоро три години, во екстрадиционен притвор во Србија и притвор во Македонија, е апсолутно незабележана практика во слободни и демократски земји.

„Ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, каде постојано се прогонуваат новинари“, апелираа од ЗНМ.

извор:народенглас

Loading...