Ливерпул им одржа лекција на Граѓаните, Барселона ја нокаутираше Рома

Лидерот во шпанската Примера, Барселона и премиерлигашот Ливерпул се многу блиску до полуфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва остварија победи со три голови разлика на пресметките со Рома и Манчестер Сити.

Барселона иако одигра на посакуваното ниво и не блескаше обезбеди висок триумф од 4-1 над „волчицата“ на „Камп Ноу“. Избраниците на Валвереде имаа голема помош од нивните колеги со оглед на тоа што Де Роси и Манолас ја тресеа сопствената мрежа. За Барса погодија уште Пике во 59 и Суарез во 87 минута, додека за Рома во листата на стрелци се запиша Џеко.

Ливерпул пак го доби Манчестер Сити со 3-0 со клинички прецизно прво полувреме. Салах, Окслејд-Чембрлејн и Мане до 31 минута донесоа огромна предноста, резултат кој се покажа како конечен на крајот.

Лошата вест за „црвените“ е повредата на Мо Салах кој го напушти теренот повреда во 52 минута. Реваншите на „Итихад“ и „Олимпико“ се наредната седмица.

Loading...