Локализиран пожарот во атарот на селото Кшање

64
Korcula, 180715. Pozar je izbio popodne oko 17-18 sati na podrucju deponija kraj Smokvice i Brne na otoku Korculi. Nakon par sati kada je krenuo jaci vjetar, razbuktao se pozar i u pomoc su pristigla dva kanadera. Trenutno vjetar nosi pozar prema moru i za sada nema opasnosti za kuce. Foto: Andjela Scepanovic / CROPIX

Пожарникарите од Куманово целосно го локализираа пожарот со кој беа зафатени сува трева, нискостеблести растенија и дел од борова шума во атарот на селото Кшање.

Според проценката на ТППЕ, била опожарена површина од околу дваесетина хектари.

Пожарникарите интервенирале два пати на просторот кој се наоѓа покрај регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Пожарот избувнал вчера во 7 часот, а бил локализиран во 12 часот, но во 13:35 часот повторно биле активирани некои жаришта поради што шест кумановски пожарникари со две противпожарни возила интервенирале до 01:30 часот.

– Пожарот се активираше поради ветерот и конфигурацијата на теренот, бидејќи на еден дел кој е непристапен, во минатото имало сеча и оставени се гранки од растенија на купови низ кои многу тешко се поминуваше. Попладнево со максимални напори целосно го локализиравме, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Извор сителтв

Loading...