vesti24.mk
ЗАБАВА ЗДРАВЈЕ

Mали и едноставни, но многу важни совети: Како да имате подобро здравје?

ECA

Сакате да го подобрите вашето здравје, па ако се решите да ги читате сите здравствени совети нема да знаете од каде да почнете, а и кој има толку време на располагање за да се придружува кон сите препораки? За ваша среќа, постојат мали, брзи и едноставни совети кои можете да ги применувате.

Не јадете на брзина

Начинот на кој јадеме е многу важен фактор за нас и нашето здравје. Пожелно е да не јадеме додека се движиме, а исто така не треба јадеме набрзина. Наместо тоа треба да уживаме во храната што ја консумираме, да јадеме пополека и не е препорачливо да гледаме телевизија додека јадеме.

Секогаш појадувајте

Во денот треба да имаме од 3 до 5 оброци од кои 3 би биле главни оброци и 2 ужини кои секако не смееме да ги пропуштаме. Препорачливо е доручекот да биде во исто време секој ден, а најдобро време за тоа е помеѓу 8 и 9 часот наутро, а вечерата да биде најдоцна до 19 часот. Овие факти се наведени од едноставна причина што сите функции во организмот се одвиваат спрема биолошкиот часовник, со одреден ритам и варење на храната.

Намалете го стресот

Како и врз сите преостанатите процеси, така и врз процесот на варење на храната стресот, нервозата и негативното расположение делуваат многу негативно.

Внимавајте што консумирате

Редовно водете сметка за количината и состојките на храната што ја внесувате. Припремањето на храната нека ви претставува задоволство, а воедно водете грижа за состојките што ги употребувате и внимавајте што повеќе да ја задржите нивната хранлива вредност. На пример за одличен појадок и идеален почеток на денот, можете да појадувате: едно парче интегрален леб намачкан со млечен намаз кој е богат со есенцијални масни киселини и една чаша свежо цеден сок од овошје и зеленчук.

Пијте вода

Во текот на денот консумирајте многу течности, до 2 литри вода и можете дополнително да пиете природни сокови, негазирани или незасладени сокови. Исто така, штом станете напијте се една чаша вода. Водата помага да се чувствувате здраво и свежо. Уште подобро е ако додадете малку лимон. Лимонот и водата го чистат вашиот организам од отрови. Освен тоа ќе бидете сити.

Јадете свежо овошје и зеленчук

Консумирајте колку што можете повеќе овошје, зеленчук и јаткасти производи.

Редовно вежбајте

И не заборавајте на физичката активност, пешачете, вежбајте, но после јадењето не одете на спиење.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts