vesti24.mk
ВЕСТИ

Mладите лекари извисени: Филипче најави, но конкурсот за специјализации никаде го нема

ECA

Министерот за здравство Венко Филипче ги извиси и младите лекари. Година дена чекаат министерството да пушти конкурс за специјализации со цел да до продолжат нивното школување и доусовршување. Како за вакцините против Ковид-19, така и за специјализациите има само најава.

Двата конкурса за младите специјализанти требаше да се објават на 15 март и 15 септември минатата година, но досега ниту еден не е отворен. Ресорниот министер, Венко Филипче во ноември 2020 година вети дека до крајот на годината програмата ќе биде изготвена, по што ќе биде објавен конкурс. Но, ова не се случи, а тој истото ветување го даде и за јануари 2021 година. Но, еве и јануари помина, а конкурсите никаде ги нема.

На почетокот на јануари, министерот рече дека ги изготвиле програмите со податоци од сите Јавно здравствените установи, кој бил процес кој што им одземал повеќе време, додавајќи дека сеуште се координираат со Деканот. Но, Филипче повторно не даде конкретен датум околу тоа кога ќе почнат со специјализација младите лекари кои чекаат уште од март минатата година.

-Сѐ уште се координираме со Деканатот. Имавме повеќе состаноци и програмата е при крај. Целта е да не се избрза и програмата да одговара на потребите, а тоа бара детални податоци од сите ЈЗУ. Затоа зема повеќе време, истакна Венко Филипче.

Во време на пандемија со корона вирусот, кога на државата и те како им се потребни и неопходни лекари, па макар тие биле и специјализанти, македонските млади лекари губат непроценливо, неповратно време и чекаат дома да се објават конкурсите.

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари бараат што поскоро да се објави конкурс и да почне постапката за специјализација на младите лекари.
Но, ова не е единствениот проблем со кој се соочуваат лекарите во Македонија. Имено, македонската јавност беше сведок како во периодот на пандемијата, младите специјализанти беа ангажирани во ковид центрите низ државата, а при тоа немаа здравствено осигурување.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts