Мадона отвори детска болница во Малави

Американската поп пејачка Мадона отвори центар за детска хирургија во јужноафриканската држава Малави.

Поп кралицата Мадона го отвори првиот Центар за детска хирургија и интензивна нега во Малави, Јужна Африка.

По повод свеченоста на отворањето, 58 годишната Мадона присуствуваше заедно со нејзиниот син Роко, како и децата посвоени од Малави – синот Дејвид, ќерката Мерси Џејмс, по којa е именуван и Институтот, како и близнаците Стела и Естер.

Во нејзиниот говор, Мадона истакна дека изградбата на Одделот за педијатрија е одраз на мајчинска љубов, за која таа мечтаела кога била дете.

Таа им порача на присутните никогаш да не се откажуваат од нивните соништа.

Болницата вклучува три операциони сали, дневна клиника, како и одделение со 50 соби.

Претседателот на Малави Питер Мутарика и се заблагодари на 58-годишната пејачка.

„Денес таа се понуди како мајка и на останатите деца. Ни даде Центар, кој ќе овозможи нега за децата. На Мадона ќе и речам дека таа почна да ги посвојува нашите деца, па јас и нудам да ја посвојам како ќерка на оваа земја“, рече Мутарика.

„Има многу работи за кои никогаш не помислував дека ќе ги направам во животот. Никогаш не помислив дека ќе градам болница за деца, дека ќе имам шест деца, од кои четири од Малави“, истакна Мадона.

Loading...