Македонија доби највисоки оценки за организацијата на Супер Купот

1219
1

УЕФА не згреши кога  ја избра Македонија за домаќин на европскиот Супер Куп.  По синоќешното соочување на  фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестар  Јунајтед  на арената Филип Втори , од  европската куќа на фудбалот  со пофалби до нашата земја.

-Благодариме, Скопје. Фантастичен домаќин на Суперкупот на УЕФА во 2017 година  стои во објавата на официјланиот твитер профил на УЕФА

И тренерот на Реал Мадрид   со пофални зборови за приемот во Македонија, организацијата и стадионот.

– Имавме пријатни мигови во Макеоднија. Прекрасен стадион, луѓето беа многу љубезни домаќини. Реал Мадрид е благодарен за тоа , истакна Зинедин Зидан.

По церемонијата на доделување на медалите, во центарот на светските медиуми се најде и потегот на предводникот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо. Португалецот, сребрениот медал му го подари на едно дете, кое беше дел од армијата навивачи кои пристигнаа во Скопје да ги бодрат “црвените ѓаволи”.

– Понекогаш кога јке победам не ги чувам медалите. Па можете да замислете кога ќе загубам. Јас ќе го ставам медалот некаде во мојата куќа, а за тоа дете медалот е како месечина. Тоа беше мало дете во дрес на Манчетер Јунајтед. Не знам од каде е . Мислам дека тоа за детето е нешто што никогаш нема да го заборави, изјави Мурињо.

За фудбалскиот  спектакл во Скопје изминативе два дена известуваа сите познати светски медиуми.Атрактивноста и светската популарност на двата тима придонесе  само во главниот град да бидат пристуни над 200 странски медиуми. Во нивните извештаи  по завршување на натпреварот, заедничко беше тоа дека   организација   била  на врвно  ниво и  националната арена се покажала како одличен  домаќин да угости два од неколкуте светски клубови.  Единствена  забелешка им беше топлото време.

Дел од  спрксите и хрватските  медиуми,   изборот на Македонија за домаќин на едно вакво фудбалско случување го искористија повторно  да го отворат  прашањето дали Србија и Хрватска  во блиска иднина ќе добијат достојни национални стадиони.

извор:сител