МАКЕДОНИЈА ГОРДА: Развеани македонски знамиња, ора како увертира за спектаклот!

811
1

Се чини дека го положивме тестот за организација на меч од голем калибар. Европа и светот се сведоци на фантастична организација на нашата земја за европскиот Супер куп, каде на мегдан ќе бидат гигантите Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, а мечот пред преполни трибини се игра на „Филип Арената“ во Скопје…

УЕФА ѝ ја додели довербата на Македонија, а нашата земја се погрижи да направи комплетен спектакл. Истиот е најавен уште на отворањето, кога играорци од нашата земја излегоа на теренот и направија македонско оро да ечи низ светот. Барем, од ТВ-приемниците.

Членови на македонски ансамбли ги одиграа ората „Малешевка“ и „Копачка“, а за тоа ги собраа аплаузите од трибините.

Свој настап имаа и осумнаесет дечиња со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“, кои настапија пред натпреварот од Суперкупот и на знаковен јазик ја испеаја „Sky Full Of Stars“ од „Coldplay“.

извор:гол.мк