МАКЕДОНИЈА ВО ШОК : Мијалков и Чавков на државна сметка изеле цела зоолошка, коњи, бизони, елени, крокодили, слонови, камили…

10198

МВР на брифинг со новинарите објави сметки од фактурите направени за шест години  од УБК и БЈБ чија вкупна сума изнесува 87.249.017,50 денари. Според приложените сметки, вработени во МВР нарачувале равиоли со фазан што чинат 1.200 денари, дивеч во ловечки сос што чини, исто така, 1.200 денари, бифтек од дивеч што чини 5.000 денари, потоа карпачо од коњ 2.000 денари, стек од бизон 5.900 денари и стек од коњ 4.500 денари. Јаделе и елен во сос од вргањ што чини  1.200 денари.

Во сметките се вклучени само домашните интерни трошоци, а не и оние за состаноци и средби со странски гости.

Сметките на раководството на МВР изнесувале околу 500 евра на едно седнување да се јаде или пие, а најзастапени места каде се седело биле ресторанот “Мулино”, “Интермецо”, “Театро”, “Камник” и “Микеи“.  Според фискалните сметки кои ги достави МВР, на менито најзастапени биле бифтек од дивеч, срнечко месо на жар, шкампи, стек од коњ и стек од бизон, чивас , ретки вина и други скапи пијалоци.Од МВР велат, постојат индиции за злоупотреба на службена положба и тоа дополнително ќе се утврдува.

На брифингот од МВР соопштија дека меѓу сметките има и такви кои се направени на значајни датуми, како што се терористичкиот напад во Куманово, денот на петкратното убиство кај Смилковските езера и денот кога загина новинарот Никола Младенов.

Во ресторанот А-МИ во Градскиот парк во Скопје на 8 ми мај, 2015 година во 23 часот и 4 минути ила издадена фактура за направена сметка од 28.280.00 денари  на која стои потпис од УБК. На менито имало октопод на скара, риба прва класа, бифтек со прелив, салати и пијалоци.

На 9 ти мај, според сметките кои ги достави МВР, направена е фактура со потпис од Бирото за јавна безбедност во Ла –тераца направена е сметка од 6.740 денари, за мешани морски плодови На денот кога загина новинарот Никола Младенов велат од МВР, направена е сметка од 100 евра за мешани морски плодови, лосос на скара, рукола и пармезан и пастрмајлија.

Ови две сметки велат од МВР се направени во времето кога, како што посочија на брифингот, гинеа припадниците на безбедносните сили на МВР и во кумановската Дива Населба имаше терористи.

Од МВР објавија и сметка од 12 април, 2012 година на денот на петкратното убиство кај Смилковското езеро  кога од Управата за безбедност и контраразузнавање е потпишана фактура од ресторанот “Воденица”. Вкупната сума на оваа фактура е 29.860.00 денари.

Меѓу сметките има и таква која се поклопува со датумот кога загина новинарот Никола Младенов . Тогаш , велат од МВР, вработени направиле сметка од 30.000,00 денари во Интермецо.

Според податоците кои ги достави МВР на брифингот, најмногу пари за јадење и пијалоци се трошеле во 2011 и 2014 година, кои се изборни години.

Право на репрезентација, односно право да стави потпис на фактурите од местата каде се седело имале Министерот за внатрешни работи, директорите на УБК и БЈБ замениците министри и државниот секретар.

Од МВР на брифингот објавија и листа од фактури кои вработени во МВР од 2011 до 2016 година ги плаќале во ресторани, дискотеки, кафулиња… Сумата која за шест години ја направиле вработени од Администрацијата, Бирото за јавна безбедност, Секторорот за внатрешни работи, Регионалните центри за гранични работи, Центрите за обука и Управата за безбедност и контраразузнавање изнесува вкупно 87.249.017,50 денари.

Овие податоци, велат од МВР се плаќани со фактури. Од податоците за трошењето од службените картици на кои ги имаат министрите, директорите на УБК и БЈБ, заменик министерот и Државниот секретар постојат посебни трошоци.

Според МВР, од 2009 та година до неговото разрешување директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков од службената картичка потрошил 1.104.773,00 денари, неговиот шеф на Кабинет Тони Јакимовски во време додека бил на таа функција потрошил 2.387.866,00 денари, поранешната министерка Гордана Јанкуловска за времето додека била на функција од службената картичка потрошила  1.320.195,00 денари, Митко Чавков направил сметка од 1.387.389,00 денари.

Од МВР на брифингот беше соопштено дека ова се само дел од фискалните сметки и трошоците кои ги правиле вработените во УБК и БЈБ и додаваат дека постои цело депо од сметки кои дополнително ќе бидат објавени. Од таму велат дека постојат индиции за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и дека дополнително ќе се утврдува дали постоел правилник за тоа колку и за што можеле да трошат вработените кои ги поседуваат службените картички.

Министерот за внатрешни работи побарал ревизија, велат од МВР и сега Државниот завод за статистика ќе треба да постапува.

Од МВР додаваат дека до сега овие податоци не биле објавени бидејќи претставувале класифицирана информација. Сега, велат новата Влада донесе одлука овие сметки и трошењето на раководството да биде јавно достапно.

извор:народенглас

Loading...